Проектот “Овозможувачки
активности за олеснување на навремени активности при имплементација
на Стокхолмската конвенција за неразградливи органски загадувачи”
е одобрен за периодот од април, 2002 година до април, 2004 година.
Финасиран од ГЕФ, а во Република Македонија е имплементиран од страна
на УНИДО.
Непосредно после првиот
состанок на Надзорниот комитет, при крајот на април, 2002 година беше
основана Национална проектна координативна единица при Министерството
за животна средина и просторно планирање. Од 01.05.2002, проектната
единица е потполно оперативна како Канцеларија за неразградливи органски
загадувачи.
Задачи на Проектната едница
се:
- Основање и координирање
на национална експертска мрежа;
- Управување со проектот
и интегрирање на различните резултати од работните тимови;
- Иницијативи за подигање
на јавната свест и
- Идентификација и мобилизирање
на меѓународна помош и партнерство.